Во Португалија од денеска е задолжително носење маска на отворено

пред 4 години

Во цела Португалија од денеска е задолжително носењето маска на отворено, во обид да се запре ширењето на новиот коронавирус.

Исклучок се децата под шестгодишна возраст, како и автомобилите во кои патуваат само луѓе од исто семејство.

Првично, полицијата усно ќе опомене за непочитување на наредбата, по што ќе почне да изрекува казни од 100 до 500 евра.

Мерката ќе биде во сила 70 дена, а нејзината важност може да се продолжи.

Португалските здравствени власти денеска соопштија за рекордни нови 3.960 случаи на коронавирус во последните 24 часа. Со ова, вкупниот број на регистрирани заразени во земјата со население од околу 10 милиони луѓе надмина 128 илјади.

Во последното деноноќие починале уште 24 лица, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 се искачи на 2.395.

Scroll to Top