Во САД и Франција втор ден по ред рекордни бројки на новоинфицирани

пред 4 години

САД вчера повторно регистрираа рекорден број новозаразени со Ковид-19 втор ден по ред, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс. Бројот на новозаразени е 88.973. Во претходниот ден имаше 79.963 со симптоми на Ковид-19. Над 900 луѓе се починати во изминатите 24 часа. Најтешка е ситуацијата на Средниот запад, а 35 од 50 држави регистрираа зголемен број на новоинфицирани.

Во Франција, во последните 24 часа се потврдени 45.422 случаи на новозаразени со Ковид-19, што е најголем број за 24 часа. Во тој период починаа 138 лица. Тоа е за околу 3.000 новоинфицирани повеќе отколку во петокот, кога беше регистриран и рекорден дневен биланс.

Scroll to Top