Во САД хоспитализирани повеќе од 130.000 пациенти со коронавирус

пред 3 години

Во Соединетите Американски Држави на болничко лекување и натаму има повеќе од 130.000 пациенти заразени со коронавирусот.

САД вчера пријавија дека 130.777 пациенти со Ковид-19 се хоспитализирани, пренесува Си-Ен-Ен.

Тоа е 39-ти ден кога во САД има повеќе од 100.000 хоспитализирани пациенти со вирусот..

Најголем број пациенти во болница имаше на 6 јануари – 132.464.

Scroll to Top