Во Словенија брак само во итни случаи

пред 3 години

Поради новите мерки во Словенија, паровите не можат да стапат во брак, освен во „итни и неопходни случаи“.

Министер во владата на Јанез Јанша ја наведе бременоста како оправдана причина за итна венчавка.

Во исклучителни случаи, паровите ќе можат да стапат во брак со примена на епидемиолошки мерки, присуство на матичар и најмногу две други лица, а за тоа ќе им биде потребна дозвола и од надлежниот министер.

Според податоците на државниот завод за статистика во Словенија, скоро половина од децата родени во една година се родени вонбрачни заедници.

 

Scroll to Top