Во Србија 51 новозаболен од коронавирус, двајца починати

пред 4 години

Во последните 24 часа во Србија 5.349 лица се тестирани на коронавирус, од нив 51 биле позитивни, додека починале две лица. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во здравствените установи низ Србија има 20 пациенти на апарати за дишење. Досега починале вкупно 756 лица. Досега се потврдени вкупно 33.982 позитивни случаи, а тестирани се 1.159.806.

Scroll to Top