Во стан кој го добила во наследство Французинка пронашла половина милион евра

пред 4 години

Ковчег во кој имало околу 500.000 евра пронашла жена во подрум на пикторесна париска зграда која во истата го наследила станот на нејзината мајка и имала намера да го продаде.

„Уште не сме завршени со броењето, но има некаде меѓу 500.000 до 600.000 евра во банкноти од 500, 100 и 50 евра“, открил извор за весникот „Ле Паризиен“.

Жената на возраст од педесетина години го наследила станот од нејзината мајка и ги презела потребните активности за продажба на имотот во отмениот седми арондисман во Париз, недалеку од Ајфеловата кула, пишува весникот.

Таа дури и ангажирала агенција за недвижнини за да ја процени вредноста на станот, а како дел од подготовките за продажба, во подрумот било пронајдено богатството скриено во ковчег.

Пронајдокот бил пријавен во полиција, која започнала истрага во врска со случајот. Ангажирана е финансиска полиција специјализирана за истраги за перење пари и фалсификување.

Scroll to Top