Во Украина за еден ден пријавени над сто смртни случаи

пред 4 години

Првпат во Украина од почетокот на пандемијата со Ковид-19 регистрирани се повеќе од 100 смртни случаи за еден ден. Во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починале 108 луѓе. претходно, на 8 октомври беа регистрирани 93 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во Украина потврдени се 256.266 случаи, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 4.887, а оздравеле 112.570 луѓе. Украинската Влада вчера најави дека ќе отвори дополнителен број на болници за смествување на пациентите со Ковид-19 и оти се разгледува можноста за заострување на рестриктивните мерки. Текстот Во Украина за еден ден пријавени над сто смртни случаи е превземен од А1он .

Scroll to Top