Во Франција над 12.000 новозаразени

пред 4 години

Во изминатите 24 часа, во Франција се регистрирани 12.845 случаи на коронавирус, соопштија денеска здравствените власти на таа земја.

Ова е првпат од 27. септември бројот на заразени со коронавирус да надмине 10.000.

Во изминатите 24 часа, 63 лица починале како последица на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во Франција достигна 31.956, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Досега во земјата се заразиле вкупно 563.535 лица.

Scroll to Top