Во Франција наскоро ќе прекине носењето на маска на отворен простор

пред 3 години

Франција наскоро ќе ја достигне точката кога маската веќе нема да биде задолжителна на отворено, изјави министерот за здравство, Оливие Веран, без да даде притоа датум, кога тоа ќе се случи.

-Се уште не сме на ова ниво, но ќе стигнеме наскоро, рече Веран во интервјуто за БФМТВ.

„Кога сте надвор, во центарот на еден голем град, со многу продавници, ќе чекате во редици, ќе јадете, ќе среќавате луѓе итн. Таму, сè додека немаме соодветно ниво на покриеност со вакцинацијата, се чини, повнимателно е да се одржи обврската за носење маска“, објасни министерот.

Министерот Веран понатаму кажа дека е резервиран во однос на политиката на САД, каде маската повеќе не е неопходна за оние кои се вакцинирани.

Според него, најголемиот ризик е да се оди пребрзо.

-Да кажеме ајде одиме и за три недели, за еден месец да кажете: пријатели, има проблем, вирусот повторно се зголемува, има хоспитализации, се затвораме, рече тој.

Земјите што отидоа прерано и пребрзо беа принудени да се вратат назад, тоа беше доживеано крајно лошо кај граѓаните, смета францускиот министер.

Scroll to Top