Во Франција од утре ќе се вакцинираат сите над 55 години

пред 3 години

Вакцинацијата на сите граѓани на возраст од 55 години ќе почне утре во Франција, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

Министерот објасни дека тоа ќе биде можно благодарение на две вакцини, на „Астра зенека“, која „од утре може да ја примат сите Французи над 55 години без други болести“ како и на вакцината „Џонсон и Џонсон“ – „за секој над 55-годишна возраст, без дополнителни услови“.

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ беше одобрена за употреба во Франција на 12 март. Министерот рече дека првата испорака ќе биде 200.000 дози.

Scroll to Top