Во Хрватска 2.323 новозаразени со коронавирус, 47 починати

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 2.323 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 47 лица починале. Вкупно 2.093 лица се наоѓаат во болници, а 244 се на апарати за дишење. Тестирани се 8.944 лица, пренесува „Индекс“.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 108.014 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.445 починале, вкупно 87.408 закрепнале, од кои 2.390 во последните 24 часа.

Во моментов има 40.762 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 692.048 луѓе, од кои 8.944 во последните 24 часа.

Scroll to Top