Во Хрватска 3.539 новозаразени, откажана седницата на Кризниот штаб

пред 3 години

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале.

Хоспитализирани се 2.408 пациенти, од кои 252 се приклучени на апарати за дишење.

Медиумите во Хрватска објавија дека прес-конференцијата на Националниот кризен штаб е откажана. „Нема потреба, два дена бевме во медиумите и објаснивме сè. Нема нови информации, нема потреба од конференција, ќе биде во петок”, рекоа од штабот.

Scroll to Top