Во Хрватска 715 нови случаи на коронавирус, 33 лица починаа

пред 3 години

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 715 нови случаи на коронавирус, а 33 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 4.653. Меѓу нив, 1.855 пациенти се во болница, од кои 160 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 223.812 лица заразени со коронавирус, од кои 4.550 починале.

Вкупно оздравеле 214.609 луѓе, од кои 1.239 во последните 24 часа.

До денес, тестирани се вкупно 1.107.887 лица, од кои 5.335 во последните 24 часа, според Националниот штаб за цивилна заштита.

Scroll to Top