Во Црна Гора најмногу починати досега, Ѓукановиќ бара од Владата затворање на границите и најстроги мерки

пред 3 години

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска ја повика Владата итно и без одлагање да ги затвори границите и да воведе најстроги епидемиолошки мерки.

„Податоците за бројот на починати и новорегистрирани случаи на Ковид-19 се алармантни“, објави Ѓукановиќ на Твитер во драматичниот повик, кој доаѓа откако состојбата во земјата се влоши во изминатите денови.

Институтот за јавно здравје денеска објави дека во изминатите 24 часа, 18 пациенти починале од последиците на коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Scroll to Top