Втори јанури прогласен за ден на жалост во Хрватска

пред 3 години

Хрватската влада го прогласи 2 јануари за ден на жалост поради жртвите во земјотресот што вчера ја погоди земјата.

Владата едногласно го прифати прогласувањето на денот на жалост. Како што рече премиерот, Андреј Пленковиќ, за тоа биле информирани претседателот на државата и парламентот.

На почетокот на седницата беше одржано едноминутно молчење.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала загинаа седум лица, а десетици беа повредени.

Scroll to Top