Германија ги затвора границите кон Австрија и Чешка за да го запре ширењето на новите соеви на коронавирусот

пред 3 години

Германија в недела ќе ги затвори своите граници со Австрија и Чешка поради опасност од ширење на мутирани видови на коронавирусот, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

„Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер одлучи да воведе привремени контроли на граничните премини кон Чешка, покрај граничните контроли кон Австрија, кои постојат од бегалската криза“, соопшти Министерството.

Целта на тие мерки е да се спречи ширењето на мутираните видови на коронавирусот во Германија.

Од тие земји, забранет е влез во Германија, со исклучок на германските државјани и странците со постојан престој во Германија.

Scroll to Top