Германија започнува со вакцинирање за 10 дена, први на ред се старските домови

пред 3 години

Германија планира да започне кампања за вакцинација против Ковид-19 на 27 декември, а први на ред се домовите за стари лица, објавија денеска властите.

„Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан ја извести Конференцијата на министри за здравство (ГМК) за одобрувањето и планираната испорака на вакцината на ‘Бионтек’. Вакцинацијата против новиот коронавирус ќе започне на 27 декември”, се вели во соопштението телото кое ги обединува министрите за здравство од сите германски покраини.

Лесно може да се случи и другите земји на Европската унија, вакцинацијата да започнат истовремено со Германија, која моментално е претседава со Унијата.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека 27-те земји-членки можат да започнат кампања за вакцинација истиот ден по одобрувањето на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Под германски притисок, Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека ќе донесе одлука за употреба на вакцината на 21 декември – една недела порано од планираното.

Scroll to Top