Германија повторно има над 4.000 заболени дневно, се проширува листата на ризични региони

пред 4 години

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 4.058. Сега има 310.144 пациенти. Во исто време, проширен е и списокот на региони со ризик.

Уште 16 лица починаа од коронавирус, а од почетокот на пандемијата вкупниот број на смртни случаи е 9.578, пренесува Ројтерс. Во Германија се во сила строгите правила за задолжително носење маски и одржување на растојание.

Земјата повторно го ажурираше списокот на ризични региони и земји, на кој ја стави целата територија на Грузија, Романија, Тунис и Јордан, како и делови од Словенија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Словачка, Унгарија и Холандија.

Во исто време, францускиот остров Корзика е избришан од списокот, објави Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Шест од 12-те региони во Словенија се на црвената листа на Германија, според СТА.

Патниците од регионот и земјите од оваа листа се должни да одат во 14-дневен карантин по пристигнувањето во Германија.

Scroll to Top