Германија се залага за ковид пасош прифатлив и за Западен Балкан

пред 3 години

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска изјави дека Германија ќе работи на постигнување договор за пасош за вакцинација што ќе биде прифатлив и за соседите на ЕУ вклучувајќи го и Западен Балкан.

-Постојат различни мислења за пасошот за вакцинација, што може да им даде одреден легитимитет на вакцинираните. Ќе се обидеме да дадеме одредена понуда што може да биде прифатлива и за нашите соседи и за земјите од Западен Балкан, со што ќе се отвори дополнителна шанса се да се врати во нормала. Неопходно е да се вакцинираат повеќе луѓе и вакцината да биде потврдена со некаков легитимитет, објасни Мас по состанокот со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ.

На прашањето дали фактот дека тој во следните неколку дена ќе се сретне со министрите за надворешни работи на сите земји од Западен Балкан е порака до регионот, Маас рече дека Германија во минатото, сега и во иднина ќе биде земја на ЕУ што сака да понуди европска перспектива за сите земји од Западен Балкан.

-Нашата долгорочна цел е сите земји од Западен Балкан да станат членки на ЕУ. За време на претседателството со Унијата работевме на решавање на сите отворени прашања. Ветивме дека во ЕУ секогаш ќе се стремиме кон напредок на процесот на приближување на земјите кон ЕУ. Тоа ќе остане приоритет на надворешната политика на Германија, заклучи шефот на германската дипломатија.

Scroll to Top