Германскиот амбасадор во Приштина: Постоење нон-пејпер е лажна вест

пред 3 години

Германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, денеска негираше дека Берлин стои зад таканаречениот „нон-пејпер“ според кој Белград и Приштина меѓусебно ќе се признаат и ја оквалификува таа информација како – лажна.

Роде на тој начин реагираше на својот Твитер на пишувањето на Коха дека имал весникот увид во тој неофицијален документ, кој наводно го подготвиле Германија и Франција.

„Таканаречениот германско-француски нон-пејпер, објавен од Коха Диторе, е лажна вест. Можеби има таков документ, но тој сигурно не е германско-француски”, наведе германскиот амбасадор.

Scroll to Top