Германците со песимизам ја дочекуваат 2021 година

пред 3 години

Германците со песимизам ја дочекуваат 2021 година, покажува истражувањето на институтот „ЈуГов“, јави ДПА.

Само еден од четворица, или 26 проценти од испитаниците очекуваат во следната година да се надмине пандемијата. Две третини веруваат дека коронавирусот ќе има негативно влијание врз животот на луѓето во Германија во текот на целата 2021 година. Според истражувањето нарачано од ДПА, 22 проценти од испитаниците очекуваат потешки ограничувања во животот.

Само еден од петмина, или 20 проценти, очекува дека пред крајот на следната година публиката ќе може да се врати на стадионите за фудбалски натпревари. Секој десетти верува дека ќе биде можно повторно да се оди на одмор каде било во текот на летото.

Огромното мнозинство, 84 проценти, сметаат дека обврската за носење маски ќе остане во сила барем на некои места до крајот на 2021 година.

Scroll to Top