Гибралтар го вакцинираше целото возрасно население

пред 3 години

Малата британска територија Гибралтар е прва во светот што ги вакцинира против коронавирусот сите возрасни лица што покажале интерес за вакцинација.

Ова го потврди британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, објави „Вашингтон пост“.

На Гибралтар живеат речиси 30.000 луѓе, а земјата имаше две клучни предности во трката за вакцини: големината и постојаниот проток на на вакцини од Велика Британија.

Благодарение на програмата за вакцинација на Гибралтар многу аспекти од секојдневниот живот се вратија во нормала.

Иако Ханкок го опиша Гибралтар како прва земја во светот што заврши со вакцинирање, тоа всушност не е сосема точно затоа што уште помалиот Ватикан ја носи таа титула.

Scroll to Top