Гренел: Спроведувањето на договорот склучен од Косово и Србија е врвен приоритет за администрацијата на Трамп

пред 4 години

Спроведувањето на договорите склучени со Приштина и Белград се главните приоритети на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во неделата специјалниот претставник на Белата куќа за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, пред да пристигне во Приштина и Белград оваа недела.

„Се гледаме во Приштина и Белград оваа недела“ – напиша Гренел на својот Твитер профил.

Делегација на американската влада предводена од Адам Болер, извршен директор на Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ), ќе ги посети Атина, Приштина, Белград и Ерусалим до крајот на неделата за да промовира економска соработка и развој, заедно со делегацијата ќе биде и специјалниот претставник на Белата куќа Ричард Гренел, дознава Танјуг.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top