Грузиската полиција упадна во канцеларијата на најголемата опозициска партија

пред 3 години

Полицијата на Грузија упадна во канцелариите на партијата на лидерот на опозицијата и го приведе рано утрово, неколку дена откако премиерот поднесе оставка по несогласувањето дали треба да биде притворен познат политичар, информираат тамошните агенции.

Лидерот на опозициското обединето национално движење е обвинет за поттикнување насилство на уличните протести во јуни 2019 година, што го отфрли како политички мотивирана одлука, известуваат медиумите.

Судот во главниот град Тбилиси минатата недела му одреди мерка притвор на опозицискиот лидер за наводно неплаќање на кауција.
Министерството за внатрешни работи објави дека го одложува извршувањето на наредбата за негов притвор по оставката на премиерот Ѓеорѓија Гакхариј.

„Ги повикуваме претставниците и на политичките опции и на нивните приврзаници да протестираат мирно, да се воздржат од насилни активности и да не се мешаат во судските одлуки “, стои во изјавата на министерот за внатрешни работи.

Гакхариј, кој поднесе оставка на 18 февруари, рече дека неговата одлука е предизвикана од недоразбирање со неговиот тим во врска со затворањето на Ник Мелија.

Гаkхариј рече дека затворот на Мелија е неприфатлив ако предизвика политички поделби во оваа јужнокавкаска нација со 3,7 милиони жители.

Scroll to Top