Грција и Израел го потпишаа најголемиот одбранбен договор вреден 1,37 милијарди евра

пред 3 години

Министерствата за одбрана на Грција и Израел го потпишаа најголемиот одбранбен договор досега меѓу Израел и Грција, во висина од околу 5,4 милијарди израелски нови шекели и вклучува формирање Меѓународен центар за обука на летови за грчкото воено воздухопловство, од „Elbit Systems“, соопштија од израелско министерство за одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека во рамките на договорот ( 1,37 милијарди евра), меѓународната компанија за одбранбена електроника со седиште во Израел ќе обезбеди опреми за надградба и работа на Т-6 авионите на грчките воздухопловни сили, како и обука, симулатори и логистичка поддршка.

Од Министерството за одбрана на Грција, без да ја споменат висината на договорот, соопштија дека предвидува формирање Меѓународен центар за обука на летови во грчкиот град Каламата и „носи конечно решение на долгогодишниот проблем во обуката на академијата за воена авијација“, а паралелно „суштински ја зајакнува стратешката соработка меѓу Грција и Израел“.

Scroll to Top