Гувернерот на Њујорк нареди затворање на училиштата

пред 4 години

Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, нареди поради коронавирусот да се затворат училиштата во неколку „жешки точки“ низ државата.

Училиштата ќе бидат затворени и во градските области Њујорк, Бруклин и Квинс.

„Нема да препорачам или дозволам ниту едно семејство од Њујорк да го испрати своето дете во училиште во кое јас не би го испратил моето дете“, рече Куомо на прес-конференција, објави „Ројтерс“.

Тој рече дека државата ќе го преземе спроведувањето на правилата за одржување на социјално растојание од локалните власти во жариштата на коронавирусот.

Куомо исто така изјави дека е загрижен за зголемувањето на случаите на коронавирус во Рокланд и Оранж, области северно од Њујорк.

Scroll to Top