Гутереш: Пандемијата ги зголеми ризиците по мирот во светот

пред 4 години

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш предупреди дека пандемијата со Ковид-19 ги зголеми ризиците по мирот во светот Њујорк, 18 септември 2020 (МИА) – Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш предупреди дека пандемијата со Ковид-19 ги зголеми ризиците по мирот во светот. – Тоа претставува голема закана од конфликт, поради што испраќам итен повик за глобален прекин на огнот, изјави Гутереш по повод 39-годишнината од Меѓународниот ден ана мирот, што се одбележува во светот секоја година на 21 септември. Тој додаде дека мирот е „стремеж, што толку е силен колку и нашето убедување и толку траен колку ио нашата надеж“. – Градењето на мирни, стабилни општества може да трае со децении, дури и со векови. Но, мирот може да биде нарушен од несовесни, разединувачки политики. Надвор од воените зони падемијата ги потенцира и експлоатира нееднаквостите од секаков вид, насочувајќи ги општествата и државите едни против други, наведе Гутереш. Тој повика да се интензивираат напори за „да се донесе мир секаде каде има конфликти и каде има дипломатски капацитет за замолчување на оружјето“. ми/

Извор: mia.mk

Scroll to Top