Данска воведе ковид-пасоши за внатрешна употреба

пред 3 години

Oд денеска Данска почнува со користење на „ковид пасоши“ за внатрешна употреба.

Целта, како што се наведува, е да им се помогне на несуштинските компании повторно да се отворат кон клиентите. „Ковид пасошот“ е за луѓе кои се целосно вакцинирани, биле позитивни на Ковид-19 пред две до 12 недели или имаат негативен ПЦР тест во претходните 72 часа.

Данското министерство за правда предупреди дека компаниите кои ќе дозволат влез за клиенти без соодветен „ковид пасош“ ќе бидат казнети со 400 евра или 6.000 евра за повторени прекршувања, додека клиентите ќе бидат казнети со 330 евра.

Данска е меѓу првите земји во Европа која спроведува ваков систем.

Scroll to Top