Данскиот парламент затворен поради коронавирус

пред 4 години

Данскиот парламент денеска го суспендираше гласањето на одредени закони и ги откажа сите состаноци во Собранието, бидејќи неколку пратеници се позитивни на коронавирус. Шест министри мораа да се изолираат додека ги чекаат резултатите од тестот.

Петмина пратеници изјавија дека се позитивни на коронавирус, а шест министри мораа да одат во самоизолација откако беа во контакт со заразените, вклучувајќи го и министерот за правда Ник Хекеруп, објави Ројтерс повикувајќи се на новинската агенција Рикау.

Scroll to Top