Дел од кампањата на Трамп ќе продолжи онлајн, некои настани се одложени

пред 4 години

Претходно планираните настани од претседателската кампања на Доналд Трамп, кои предвидуваат учество на американскиот претседател, ќе се движат преку Интернет или се привремено одложени откако Доналд и Меланија Трамп беа позитивни на новиот коронавирус.

Привремено се одложени и настаните во кои се вклучени членовите на семејството Трамп.

„Сите други настани во рамките на кампањата ќе бидат разгледани одделно и ќе објавиме соодветно соопштение неколку дена однапред“, велат од кампањата на Трамп.

Scroll to Top