Драконски безбедносни мерки пред судот во Атина, протест во исчекување на пресудата за Златна зора

пред 4 години

Под драконски безбедносни мерки, со над 2.000 полицајци, хеликоптери и дронови, во судот во Атина, кусо пред 11.30 часот по локално време започна рочиштето за соопштување на пресудата за Златна зора, додека пак пред судот се одржува масовен протест, јави дописничката на МИА од Атина.

На протестот под слоганот „Не се невини“ учествуваат, здруженија, организации, но и политички парти. Меѓу демонстрантите беше и лидерот на СИРИЗА Алексис Цупрас.

Безбедносните мерки се строги не само пред судот, туку и во внатрешноста и важат за сите.

За новинарите потребна е специјална акредитација и ограничен е бројот на претставниците на медиумите, иако интересот е голем, како од грчките, така и од странските.

Во судницата е семејството на убиениот новинар Павлос Фисас, првиот човек на Комунистичката партија на Грција, како и пратеници од СИРИЗА.

Од обвинетите 68 лица, присутни се само девет лица и ниту еден од поранешните пратеници на Златна зора.

Освен за убиството на музичарот Павлос Фисас, судот треба да соопшти дали Златна зора всушност е криминална организација.

Scroll to Top