Европол: Ширум Европа идентификувани 249 потенцијални жртви на трговците со деца

пред 4 години

Европол, заедно со полициите на 12 држави спроведе заедничка акција во Европа против трговијата со деца.

Операцијата, поддржана и од граничната полиција на ЕУ, ФРОНТЕКС,била преземена од 5 до 11 октомври 2020 година и во неа биле вклучени 12 држави: Австрија, Белгија, Хравтска, Кипар, Германија, Литванија, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија, Хоандија и Велика Британија.

– Во акција уапсени се 388 лица, идентификувани се уште 19 осомничени и покренати се 40 нови истраги, соопшти Европол.

Вкупно се идентификувани 249 потенцијални жртви на трговијата со луѓе, од кои за 61 е потврдени дека се малолетни, а не е утврдена возраста на 107 жртви.

За време на операцијата 5.380 полицајци провериле 59.071 човек, извршиле претрес на 1.529 локации, 15.923 автомобили и исконтролирале 39.860 документи.

Scroll to Top