Европскиот парламент го изгласа трговски договор помеѓу ЕУ и Велика Британија

пред 3 години

Со 660 гласови „за“, пет „против“ и 32 воздржани европратениците вчера го изгласаа трговскиот договор помеѓу Велика Британија и Европска Унија по Брегзит, со што е отстранета последната бариера за ратификација на Договорот.

Со одлуката на ЕП завршуваат четиригодишните преговори за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави одлуката на ЕП.

– Договорот за трговија и соработка (ТЦА) претставува основа за силно и блиско партнерство со Велика Британија. Неговата доследна примена е од суштинско значење, напиша Лајен на Твитер.

Scroll to Top