Евростат: Бугарија и Хрватска се најсиромашните земји на ЕУ

пред 3 години

Според последните податоци на Евростат, Хрватска е втора најсиромашна земја во ЕУ и само Бугарија е посиромашна од неа.

Податоците за потрошувачка по глава на жител во 2019 година покажуваат дека Хрватска е на самото дно во Европската Унија, пренесува порталот „Индекс“.

Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинството.

Најбогат е Луксембург, кој е за 35 отсто над европскиот просек. Следува Германија со 22 отсто.

Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 отсто над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.

Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција, која е на 78 отсто од просекот на ЕУ според потрошувачката.

Scroll to Top