Еден од најпознатите бугарски новинари почина од Ковид-19

пред 3 години

Еден од најпознатите бугарски новинар, Георги Коритаров, почина на 61-годишна возраст од Ковид-19, јавија бугарските медиуми.

Коритаров во понеделникот бил примен во болница, откако добил позитивен ковид тест, но ја изгубил битката со вирусот.

Новинарот се залагаше за надминување на спорот меѓу Македонија Бугарија и важеше за одличен познавач на македонско-бугарските односи, а Македонија често беше тема во неговата емисија „Слободна Европа“ на „ТВ Европа“.

Од него на социјалните мрежи се простуваат и новинари, соработници и политичари од Македонија.

Scroll to Top