Ердоган најави полициски час за време на викендите, училиштата ќе останат затворени

пред 3 години

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека Владата ќе воведе порестриктивни мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус и за време на викендите ќе воведе делумно затворање на земјата.

Според турскиот портал Хуриет, тоа би значело дека граѓаните за време на викендите ќе можат слободно да се движат од 10 до 20 часот.

Ердоган по владината седница изјави дека училиштата ќе останат затворени до крајот на годината, а рестораните само ќе доставуваат храна.

Scroll to Top