Ердоган: Политиката на Израел кон Палестина е неприфатлива

пред 3 години

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека Турција би сакала да има подобри односи со Израел, додавајќи дека преговорите меѓу двете страни продолжиле.

Двете земји имаа остри несогласувања во претходните години, па иако имаа силни трговски врски, тие ги протераа меѓусебните амбасадори, наведува „Ројтерс“.

Анкара често ја осудуваше израелската окупација на Западниот Брег и го критикуваше третманот на Израел кон Палестинците.

„Имаме несогласувања со луѓето на највисоко ниво. Да немаше такви спорови, нашите односи ќе беа многу поинакви. Сепак, израелската политика кон Палестина е неприфатлива“, додаде Ердоган.

Scroll to Top