Ердоган: Турција за Нова година пет дена во комплетен карантин

пред 3 години

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави денеска дека од 31 декември во земјата ќе биде воведен целосен „локдаун“ во траење од пет дена поради пандемијата на коронавирусот.

Тој нагласи дека наредбата за останување дома ќе почне да се применува на новогодишната ноќ во 21 часот и ќе трае до 4 јануари.

Ердоган се обрати откако официјалните податоци покажаа дека во Турција дневно се регистрирани рекордни 229 починати од последици на Ковид-19.

Според информациите од здравствените власти, во последните 24 часа се потврдени нови 29.617 случаи на заразени со коронавирусот. Вкупно досега во земјата се заразени 1.866.345 луѓе, додека 16.646 лица починале како последица на компликации од Ковид-19.

Scroll to Top