Ердоган: Ќе го кренам целиот свет, израелскиот терор мора да запре

пред 3 години

Турција ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој во телефонските разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханиех, го зацврстил ставот дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и ќе застане покрај нив, соопшти кабинетот на Ердоган.

За време на телефонските разговори со палестинските власти, Ердоган остро ги осуди израелските напади врз Палестинците и комплексот џамии Ал-Акса во Ерусалим, предупредувајќи дека станува збор за тероризам, пренесе агенцијата Анадолија.

„Ги осудив овие подмолни напади што ја навредуваат совеста, не само на муслиманите, туку и на целото човештво. Нагласив дека ќе сториме сè за да го мобилизираме целиот свет, особено исламскиот, за да престане теророт и окупацијата”, напиша Ердоган на Телеграм по разговорите, објави „Дејли Сабах“.

Scroll to Top