ЕУ преговара со Фајзер за уште сто милиони дози од вакцината

пред 3 години

Европската унија преговара со „Фајзер“ и „БиоНТек“ за да нарача до 100 милиони дополнителни дози од нивната вакцина против Ковид-19, изјавија денеска тројца неименувани извори.

Европската унија, со 450 милиони жители, веќе нарача 200 милиони дози од вакцината „Фајзер/ БиоНТек“ и сака да купи уште 100 милиони вакцини според договорите потпишани со двете компании во ноември.

Секој што ќе реши да се вакцинира, мора да прими две вакцини.

Новите дози може да се испорачаат веќе во третиот квартал, наведуваат изворите.

Scroll to Top