ЕУ сака да ги продолжи разговорите за статусот на Нагорно Карабах

пред 4 години

Европската унија смета дека е потребно продолжување на политичките преговори за статусот на Нагорно Карабах во рамките на Минската група на ОБСЕ. Ова се наведува во изјавата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел,која беше денеска објавена во Брисел.

„ЕУ смета дека е потребно да се обноват напорите за договорено, сеопфатно и одржливо решавање на конфликтот, вклучително и за статусот на Нагорно Карабах“, се вели во соопштението.

ЕУ има намера внимателно да го следи спроведувањето на одредбите од договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах, особено работата на набљудувачкиот центар на Русија и Турција.

Борел посочи дека ЕУ повикува на целосно и брзо повлекување на сите странски борци од зоната на конфликтот во Нагорно Карабах.

„ЕУ ги повикува сите регионални актери да се воздржат од какви било активности или реторики што можат да го загрозат прекинот на огнот. ЕУ, исто така, повикува на целосно и брзо повлекување на сите странски борци од регионот“.

Scroll to Top