ЕЦДЦ: Итно да се спречи преоптоварувањето на здравствените системи во Европа

пред 4 години

Европските влади мора да преземат итни мерки насочени кон јавното здравство за да се спречи преоптоварувањето на здравствени системи со зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19, соопштии денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Ранливоста на популацијата кон инфекции е сè уште висока, нивото на имунитет е пониско од 15 проценти во повеќето области, а вкупната стапка на смртност се зголемува повеќе од еден месец, наведува ЕЦДЦ во ажурираната проценка на ризикот.

„Влијанието во однос на притисокот врз здравствените услуги и смртноста станува сè поочигледно, изјави директорката на ЕЦДЦ, Андреа Амон.

Според неа, „со високото ниво на пренос во заедниците, заштитата на ранливите лица станува сè потешка“.

Scroll to Top