Закерберг ќе донира уште 100 милиони долари за организирање на изборите во САД

пред 4 години

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг објави дека ќе донира уште 100 милиони долари за локалните изборни администрации во САД. Ова е дополнување на 300 милиони долари кои минатиот месец ги ветија Закерберг и неговата сопруга Присила Чан, за одржување на изборите на 3 ноември. Средствата ќе бидат искористени за купување машини за гласање, маски и друга заштитна опрема за вработените во избирачките места. Закерберг негираше дека има политички мотив за своите донации. Тој во објава на социјалната мрежа нагласи дека неговата одлука е диктирана од ситуацијата со коронавирусот и недоволното јавно финансирање за организација на изборите. Текстот Закерберг ќе донира уште 100 милиони долари за организирање на изборите во САД е превземен од А1он .

Scroll to Top