Здравствената состојба на Трамп се подобрува

пред 4 години

Здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да се подобрува ноќеска, а Белата куќа е оптимист дека тој ќе ја напушти болницата во текот на денов,јави „Фокс њуз“, повикувајќи се на изјава на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоуз. Медоуз рече дека разговарал со Трамп утрово и дека претседателот ќе се сретне со неговиот медицински тим за да му биде проценета состојбата, јави Фокс њуз. Американскиот претседател од петокот е во воената болница „Волтер Рид“, каде беше хоспитализиран поради Ковид-19. Текстот Здравствената состојба на Трамп се подобрува е превземен од А1он .

Scroll to Top