Зеленски: Спремен сум за војна ако Русија нападне

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да војува во случај на напад врз Украина од Крим.

Во интервју за украинскиот весник „Фокус“, Зеленски изјавил дека во тој случај за Украина ќе се борат и мажи и жени.

„Тоа е ужасна ситуација, не сакам ни да ја замислам. Јас сум против. Во спротивно ќе има голема војна. Нема да одиме никаде, сите ќе се бориме, а и мажите и жените ќе бидат повикани за воена служба“, рече Зеленски.

Како што посочи украинскиот претседател, ситуацијата би била многу тешка за Украинците, додека Русите тоа многу добро го разбираат.

Scroll to Top