Иванка Трамп сепак ќе оди на инаугурацијата на Бајден

пред 3 години

Ќерката на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, Иванка Трамп планира да дојде на инаугурацијата на Џо Бајден и се претпоставува дека тоа го прави за да ја спаси својата политичка кариера, пренесуваат светските медиуми.

Трамп неодамна објави дека нема да се појави на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, што треба да се одржи на 20 јануари, а според порталот „Дејли мејл“ тој протестирал против одлуката на неговата ќерка.

„Тој рече дека е навреда што сака да има контакт со измамници кои се обидуваат да го симнат од власт“, изјави упатен човек кој наводно бил информиран за настаните во Белата куќа и додал дека Трамп е изричен во тоа дека семејството мора да биде обединето.

Претседателот на САД и ’рече на Иванка дека присуството на инаугурацијата ќе ја чини илјадници гласови и истакна дека тоа ќе биде најголемата грешка што некогаш би можела да ја направи“, тврди „Инсајдер“.

Според светските медиуми, Иванка Трамп е убедена дека одејќи на церемонијата на прогласување на новиот претседател Бајден, таа ќе одаде имиџ на некој што добро го поднесува поразот и дека ќе добие идни симпатизери“, тврди изворот на тој портал.

Неименуван соговорник додава дека таа сака да присуствува на инаугурацијата затоа што сака да биде гласот на нејзиниот татко и дека тоа им го должат на луѓето.
Од друга страна, друг упатен од Белата куќа негираше дека Иванка имала намера да дојде на церемонијата на прогласување претседател на САД.

 

Scroll to Top