Изгаснат пожарот во Мостар

пред 4 години

Изгаснат е пожарот во мостарската населба Јасеница, што претставуваше сериозна закана за куќите во таа населба. „Пожарот беше пријавен синоќа во 22:30 часот во близина на затворот во изградба“, соопшти Професионалната противпожарна бригада во Мостар. Трева и ниска вегетација биле зафатени од огнот, но со оглед на тоа што имало блиска населба и дека пожарот се ширел брзо, тоа претставувало сериозна закана за куќите. Сите екипи излегле на терен и пожарот беше изгаснат во 2:15 часот, по што дел од екипата останала на терен до изутринава. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top