Израелска фондација го награди доктор Фаучи за одбрана на науката

пред 3 години

ТПознатиот американски имунолог Ентони Фаучи е добитник на награда од израелската фондација „Ден Давид“ и е награден со еден милион долари за неговите напори да ја зборува „вистината наспроти моќта“ во обликувањето на политиките во борбата против пандемијата.

Уште шестмина истражувачи се наградени со две дополнителни награди од по милион долари за нивниот придонес во здравството и медицината.

Во образложението на израелската фондација се наведува дека д-р Фаучи, кој е на чело на Националниот институт за инфективни болести од 1984 година, го заслужил ова признание, бидејќи за време на неговиот професионален живот бил во првите редови на истражувачките напори да најде третман за пациенти заразени со сида, како и вакцина против коронавирусот.

Во соопштението на израелската фондација не се споменува поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој сакаше да го минимизира научниот пристап за кој се залагаше Фаучи, но го опиша американскиот експерт како „човек кој храбро ја бранеше науката од своите противници за време на кризата“.

Д-р Ентони Фаучи (80) служел во администрацијата на седуммина претседатели на САД, советувајќи ги за прашања од областа на јавното здравје.

Scroll to Top