Израел воведува ковид-беџови, само ревакцинираните може да одат во ресторани, на концерти

пред 3 години

Повеќе од четири милиони вакцинирани Израелци може да носат „ковид значка“ за да можат да јадат во ресторани, да одат на концерти или во спортски сали.

„Тајмс оф Израел“ известува дека светскиот шампион во имунизација против Ковид-19 започнал контроверзен проект со беџови, со кој се обезбедува пристап до спортски сали, ресторани и концерти.

Со висок процент на вакцинирано население, властите планираат од недела постепено отворање на спортски сали, музеи, трговски центри, ресторани и кафулиња, но тоа нема да важи за сите.

Виолетовите беџови ќе значат дека луѓето или не примиле вакцина или примиле една доза, а зелените дека луѓето примиле втора доза или прележале ковид.

„Одиме напред со одговорни мерки од типот ‘ако сте ревакцинирани, можете да влезете’“, рече министерот за одбрана Бени Ганц за новите мерки, што според „Тајмс оф Израел“ е тешко да се спроведат во компаниите .

Scroll to Top