Илјадници Перуанци протестираат против импичменот за претседателот Вискара

пред 4 години

На протести низ неколку градови во Перу вчера излегоа илјадници незадоволни граѓани, три дена откако пратениците во парламентот му изгласаа импичмент на претседателот Мартин Вискара, јави ДПА.

Луѓето протестираа против одлуката на парламентот, што доведе до тоа конзервативниот претседател на законодавниот дом, Мануел Мерино, во вторникот да ја преземе функцијата шеф на државата и на владата.

ДПА доадава дека протестите на повеќето места главно биле мирни, иако полицијата употребила солзавец во главниот град Лима.

Неколкумина демонстранти и новинари се повредени од солзавец, јави весникот „Ел Комерсио“.

Амнести Интернешнл ја обвини полицијата за употреба на прекумерна сила врз демонстрантите. Организацијата за човекови права, наведе дека употребата на солзавец и неидентификувана муниција во вторникот ги загрози животите на цивилите.

Вискара е обвинет за земање мито од 3,3 милиони (636.000 долари) од градежна компанија за време на неговиот мандат како гувернер на регионот Мокегуа од 2011 до 2014 година, објаснува ДПА.

Вискара постојано ги негираше обвинувањата и тоа го стори повторно пред гласањето за импичмент. Тој ја обвини опозицијата дека се обидува да ја дестабилизира земјата и рече дека ќе го напушти парламентот „со крената глава“.

Scroll to Top